вторник, 15 октомври 2024

Не постои опасност од поплави иако дождот ќе ги зголеми водостоите на реките, информира ЦУК

Во текот на денешниот ден на целата територија на државата ќе има врнежи од дожд, што според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе бидат пообилни во крајните западни делови, каде што на места се очекува да паднат над 20 литри на метар квадратен дожд.

Објавено на

часот

Сподели

Овие врнежи, како што соопштуваат од Центарот на управување со кризи, се очекува да предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава, но во речните корита се уште има доволно простор за примање на овие количини на вода и засега не постои опасност од појава на поплави.

„Денешните врнежи ќе придонесат за наполнување на подземните резерви со вода и прихранување на земјата со влага, што отсуствуваше во изминатиот период, како и за подобрување на состојбата со природните езера и вештачките акумулации низ земјава“, велат од ЦУК. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ