вторник, 15 октомври 2024
„Сините“ освоија 18 трофеи со Русинот на чело

Навивачите скандираа „Абрамович“, а Покетино им порача: Ова не е Челси од последните 20 години

По триумфот над Астон Вила во ФА Купот, Маурисио Покетино им порача на навивачите дека овој Челси не како оној од ерата на Роман Абрамович кога „сините“ освоија пет титилу во Премиерлигата, сега е почнат нов проект.

Објавено на

часот

Сподели

Челси минатата недела врзаа два големи порази, прво загубија од Ливерпул на Енфилд со 4-1, а потоа доживеја пораз дома од Вулверхемптон со 2-4. „Сините“ се на 11та позиција на табелата, па расте незадоволството кај навивачите.

На синоќешното гостување кај Астон Вила, на почетокот од натпреварот, навивачите на Челси го скандираа името и презимето на поранешниот сопственик Роман Абрамович.

По крајот на средбата, Маурисио Покетино им порача дека не можат да се споредуваат со тој тим, кој доминираше и освои пет титули во Премиерлигата, и покрај тоа што во две години потрошија над 1 милијарда фунти под водство на новиот сопственик Тод Боли.

„Треба да престанеме да мислиме дека сме Челси од последните 20 години. Повеќе не сме тој тип на Челси. Потребено е да продолжиме и да го креираме овој проект. Не ми е гајле дали луѓето се среќни или не се среќни од она што го кажувам. Се грижам за клубот, за играчите, сакам да им помогнам“ – вели Аргентинецот.

„Ќе се бориме, гајле ми е што зборуваат луѓето. На ваков тим проект му е потребно време и доверба. Потребно е да се корегираат многу работи. Градиме проект и потребна е година, две или три“.

„Денеска видовте дека сме подготвени за борба. Се бориме за фановите, за грбот на клубот, за тренерскиот персонал. Сега предизвикот е да бидиме конзистентни“.

Челси синоќа ја доби Астон Вила со 1-3 и се пласираше во осминафинале во ФА Купот, Галагер и Џексон најавија победа по дваесетина минути игра, а Енцо Фернандес со страшен гол од слободен удар го потврди славјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ