вторник, 15 октомври 2024

Навални имал мистериозни симптоми. Неговиот адвокат стравува дека го трујат

Објавено на

часот

Сподели

Тој тврди дека Навални го прашал затворскиот лекар од што боледува, на што тој одговорил: „Пролет е, сите имаат акутни симптоми“. „Судејќи според бизарната и невидена ситуација околу здравјето на Навални, со ненадејни напади какви што никогаш немал, не можеме да исклучиме дека полека го трујат… Ова би можело да звучи како параноична идеја доколку се работи за друго лице. Ќе бараме тестирање за токсичност и радиолошка студија“, рече Кобзев.

Навални неодамна помина 15 дена во казнена ќелија, а Кобзев наведува дека само во тој период изгубил 8 килограми. Откако минатиот петок беше пуштен од казнената ќелија, Навални беше вратен таму за да одлежи уште 15 дена дисциплинска казна по лекарската интервенција во неговата ќелија.

Максималното законско времетраење на затворањето во казнената ќелија е 15 дена. Сепак, казнената колонија ја заобиколува таа регулатива со испраќање на Навални на повеќекратни последователни престои во казнената ќелија, кои се одделени со кратки периоди во кои Навални престојува во нормални затворски услови.

Кобзев, исто така, рече дека вработените во затворот тајно го предупредиле Навални за претстојна „провокација“ во која се вклучени цимери од ќелијата. Адвокатот ги информираше руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова, шефот на руската Федерална затворска служба Аркадиј Гостев и главниот обвинител Игор Краснов за проблемите на неговиот клиент и за повредата на неговите права во затворот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ