„Членовите на групата настапија со сплет македонски ора а успешен настап имаше и Кристијан Ѓорѓи, кој беше награден со бурен аплауз. Меѓу другите тој ја изведе и ‘Македонско девојче китка шарена’, со која ги освои симпатиите на публиката“, објави весникот Македониум.
Исто така групата учествувала и во дефилето низ градот, заедно со другите учесници.
„Ова е значаен настан во запознавањето на фолклорот и традициите на сите етнички заедници кои живеат во округот Корча и чин на зацврстување на соживотот. И во иднина фолклорната група, која го негува македонскиот фолклор и традиции, ќе ја има нашата целосна поддршка“, објави општина Пустец.
На фестивалот организиран од Округот Корча, настапиле фолклорни групи на општините што го сочинуваат овој округ, во кој територијално припаѓа и општина Пустец, односно областа Мала Преспа.