четврток, 27 февруари 2025

Народното собрание на РС констатираше дека Судот на БиХ извршил државен удар

Народното собрание на Република Српска усвои вечерва информација за уривање на уставот на Босна и Херцеговина – мерки и задачи за зачувување на Уставот на БиХ и констатираше дека е факт дека Судот на БиХ извршил чин на државен удар и целосно уривање на уставниот поредок на БиХ, бидејќи донел пресуда врз основа на одлука на неизбраниот странец Кристијан Шмит, а не на основа на закон донесен од парламентарното собрание на БиХ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Народното собрание ги отфрла и не прифаќа ниедна одлука на Кристијан Шмит, се наведува во заклучоците.

Претседателот на РС Милорад Додик денес неправосилно беше осуден на една година затвор, односно шест години забрана за вршење на политичка функција поради непочитување на одлуки на високиот претставник.

Исто така, народното собрание на РС ги смета за неважечки сите закони и одлуки на органи кои не се дефинирани со Уставот на БиХ и пред сè Високиот судски и обвинителски совет, Обвинителството на БиХ, Судот на БиХ и Агенцијата за истраги и заштита на БиХ, се наведува во заклучоците.

Народното собрание на РС констатира дека одлуката на Судот на БиХ да пресудува врз основа на одлука која ја наметнал поединец е спротивна на Уставот на БиХ и дека со таквото постапување Судот на БиХ го урнал уставниот поредок на БиХ.

Народното собрание најостро го осудува постапувањето на Обвинителството на БиХ кон народните пратеници во собранието, поради постапките кои ги вршат во рамки на нивните должности, а кои како крајна цел имаат заплашување и политичко неутрализирање, и се противат на преземање на кои било дејства од страна на Обвинителството и други органи кои постапуваат по нивни наредби кон народните пратеници.

Заклучоците стапуваат на сила веднаш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ