вторник, 15 октомври 2024

Народна банка: Платниот систем е усогласен со меѓународните Принципи за инфраструктура на финансиските пазари

Објавено на

часот

Сподели

Усогласеноста на МИПС со регулаторните барања согласно меѓународните стандарди за работа на платните системи, обезбедува услови за негово сигурно функционирање и соодветно управување со ризиците коишто произлегуваат од работата, што е од клучно значење за непречено извршување на плаќањата, а со тоа и за целокупната економска активност и  стабилност на финансискиот систем во земјата, велат од Народната банка. За целите на управување со овие ризици, Народната банка има донесено правна рамка, која се состои од одлуки, правила и упатства за учесниците и има воспоставено интерни процедури и алатки, коишто се подетално објаснети во извештајот.

„МИПС е систем за извршување на плаќањата со големи вредности и итните плаќања во денари, во реално време на бруто-основа (RTGS – Real Time Gross Settlement System). МИПС започна со работа во јули 2001 година. МИПС има 20 учесници и во него се водат и се одржуваат сметките преку кои учесниците ги порамнуваат платежните пораки за плаќањата во денари, во реално време и со паричните средства кои се наоѓаат кај централната банка.

МИПС е системски значаен платен систем чиешто функционирање е неопходно за работата и стабилноста на финансиските институции и пазарите, како и за економскиот развој. Оттука, особено внимание се му посветува на управувањето со ризиците во неговото работење, како што се: системскиот, правниот, кредитниот, ликвидносниот, оперативниот и деловниот ризик. Улогата во македонскиот платен систем на МИПС е клучна бидејќи овозможува ефикасен тек на парите во економијата. Основната предност на неговата употреба, за учесниците и нивните клиенти е брзината и сигурноста на извршувањето на плаќањата. Имено, налозите за пренос на парични средства се прифаќаат непрекинато во рамките на работното време на МИПС, при што поминуваат само неколку минути помеѓу испраќањето на налогот од страна на учесникот и приемот на паричните средства од друг учесник во МИПС за кој се наменети, така што плаќањата се вршат во текот на работниот ден“, информира Народната банка и посочува дека целиот извештај може да се прочита тука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ