недела, 13 октомври 2024

Народна банка ги охрабрува жените претприемачки да користат финансиска помош

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, информираат од НБ, беше посочено дека женското претприемаштво игра клучна улога во отворањето работни места и придвижувањето на економскиот раст. Оттаму, обезбедувањето пристап до финансии за овие мали и средни компании е од исклучително значење за економијата во целина.

Договорено е Народната банка да биде дел од спроведувањето на пилот-проектот на ЕБОР во земјава, којшто би опфатил повеќе аспекти, вклучително и збогатување на базите на податоци за кредити со податоци за родовата припадност, како и обуки за поттикнување поголема свесност за потребите на жените претприемачи при кредитирањето. Инаку, поддршката на ЕБОР за поголема застапеност на жените во бизнисот, преку истоимената програма којашто ја спроведуваат, е на повеќе нивоа, од пристап до финансии, до деловно советување, развој на вештини, знаење и пристап до ресурси за развој на претприемништвото. 

„Унапредувањето на финансиската инклузија, како и финансиската едукација како основа за поголема вклученост, се стратегиски цели на Народната банка. Родовата еднаквост, како аспект на финансиската инклузија, исто така е дел од  приоритетите. Преку едуцирање за можностите и обврските на кредитодавателите и корисниците на кредитите, може да се придонесе кон подобрување на пристапот на жените претприемачи до финансии во земјава“, велат од НБ.

Според податоците изнесени во Стратегијата за родова еднаквост на ЕБОР 2021 ‒ 2025, од сто претприемачи во светот, само 37 се жени, додека 63 се мажи и само 55 отсто од работоспособното женско население е работно ангажирано.

„Со промената на овие соодноси ќе се придонесе кон зајакнување на кохезијата и ќе се поддржи функционирањето на пазарната економија, економиите ќе станат поотпорни, ќе се поттикне иновативноста и ќе се поддржи економскиот раст“, посочуваат од НБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ