недела, 3 ноември 2024

Напаѓачот во училиштето во Тексас го објавил масакрот половина час пред тоа

Објавено на

часот

Сподели

Абот рекол дека напаѓачот, 18-годишниот Салвадор Рамос, кога полицијата го уби, употребил полуавтоматска пушка во завчерашниот напад на основното училиште „Роб“ во градот Јувалде, во кој се повредени 17 лица.

Околу 30 минути пред нападот, Рамос објавил три пораки на социјалните мрежи, во кои напишал дека ќе пука во својата баба, дека застрелал жена и дека ќе нападне основно училиште, рече Абот.

Полицијата сѐ уште го нема соопштено мотивот за нападот.

Абот рече дека Рамос немал никакво полициско досие, ниту евидентирано ментално заболување.

Сите убиени ученици биле во иста училница и биле во четврто одделение.

Рамос, кој купил две полуавтоматски пушки неколку дена пред нападот, ја заклучил вратата од училницата и почнал да пука во децата и наставниците што биле во неа, соопшти полицијата.

Полицијата набрзо упаднала во училницата и го убила напаѓачот, додека другите ги кршеле прозорците за да можат учениците и наставниците да избегаат.

Вчерашниот напад во Јувалде, град со 16.000 жители, е најсмртоносниот оружен напад врз училиште во САД од декември 2012 година.

Вооружен напаѓач тогаш уби 20 деца и шест возрасни во основно училиште во Њутаун, Конектикат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ