петок, 29 ноември 2024

Најостра осуда од претседателката Гордана Сиљановска Давкова за сквернавењето на македонското знаме

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Најостро ги осудувам синоќешните инциденти, при што беше сквернавено македонското државно знаме. Чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.

Ваквите постапки не придонесуваат за градење доверба и почит меѓу граѓаните, туку поттикнуваат дополнителни тензии и поделби.

Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти. Надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица“, напиша на својата фејсбук-страница претседателката Сиљановска-Давкова, која деновиве беше во официјална посета на Црна Гора.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека се уапсени осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Тошковски рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година.

Тошковски нагласи дека сите се млади лица, а еден е малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а друг како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ