Канцеларијата на ОН за човекови права во Женева соопшти дека членови на бандата отвориле оган врз селото Понт-Сонде, по што запалиле четириесетина куќи и неколку десетици возила.
Премиерот на Хаити Гари Конил напиша на платформата Икс дека тоа е брутален напад врз невооружени луѓе.
Членовите на бандата Гран Гриф ги изненадија жителите во четвртокот во 3 часот наутро по локално време и ги подложија на „неискажлива бруталност“, соопшти владата.
Pandilla mata a 70 personas en Haití
Entre las víctimas se encontraban diez mujeres y tres bebés en la ciudad de Pont-Sonde en Haití.
Además, 16 personas resultaron gravemente heridas en el ataque contra ciudadanos inofensivos y los residentes huyeron de sus hogares cuando… pic.twitter.com/ariQ5NVbl3
— Gamavisión Noticias (@gamavisionmx) October 4, 2024
Таа најави дека ќе го зголеми присуството на безбедносните сили во регионот северно од главниот град Порт-о-Пренс.
Хаити е најсиромашната земја на западната хемисфера и со години е место на насилство од вооружени банди кои сега го контролираат поголемиот дел од главниот град. Насилството сега се прошири и во другите региони, пишува агенцијата дпа.