Кинеската полиција набрзо потоа уапси 62-годишен маж поради сомнение дека со возило удрил луѓе, а потоа побегнал.
На видеата што ги потврдил Ројтерс може да се видат најмалку 20 лица како повредени лежат на земја, а осомничениот по инцидентот побегнал во блискиот спортски центар.
🚨🇨🇳 FLASH | Drame en Chine
Une voiture a foncé dans une foule, tuant au moins 35 personnes et blessant 43 autres. Le conducteur, arrêté, aurait agi suite à une dispute liée à un divorce. #chine #China⚠️ Images sensibles pic.twitter.com/c60JudANrE
— La Notif (@LaNotif45) November 12, 2024
Полицијата во извештајот вели дека привела маж со презиме Фан, бидејќи во понеделникот околу 20 часот по локално време со мало возило удрил во пешаци пред спортскиот центар, а потоа побегнал.
Во пријавата полицијата не прецизира можен мотив за нападот.
Насилниот криминал е редок во Кина поради строгите закони за оружје, но има зголемување на нападите со нож во големите градови, наведува британската агенција.
Во октомври, пет лица беа ранети во напад со нож во Пекинг пред едно од најдобрите основни училишта во градот.
Еден месец претходно еден јапонски ученик беше избоден до смрт пред неговото училиште во Шенжен.