Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач на автомобил забрзал, а потоа удрил во демонстрантите во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците Верди. Како што јави ФАЗ, полицијата потврдила дека се работи за намерен напад.
Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека 24-годишниот возач и претходно ѝ бил познат на локалната полиција поради злоупотреба на дрога и кражби. Возачот, 24-годишен Авганистанец, барател на азил, е уапсен и, според полицијата, не претставува опасност за околината.
Verdi Demo in München.
Auto rast in die Demo. pic.twitter.com/cLBHaDebfi— AlternativeMitte (@ZamirSh11842484) February 13, 2025
Силни полициски сили сè уште се на терен. Баварскиот премиер Маркус Зодер е на местото на настанот и им кажа на новинарите дека неговите „мисли се со жртвите на нападот“. „Нешто мора да се промени во Германија и тоа брзо“, рече Зодер.
Мерките за безбедност се зголемени во Минхен бидејќи утре почнува Минхенската безбедносна конференција на која учествуваат бројни високи функционери од целиот свет.