четврток, 12 декември 2024

Најголемиот украински напад со беспилотни летала врз Москва, затворени два аеродроми (ВИДЕО)

Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала насочени кон Москва, што е досега најголемиот украински напад со беспилотни летала врз руската престолнина. Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во Москва.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека 12 беспилотни летала се уништени во областите Раменскоје и Коломенски во московскиот регион, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва.

Во московскиот регион живеат повеќе од 21 милион жители. „Според прелиминарните информации, нема штета или жртви на местото каде паднале остатоците“, рече Собјанин на апликацијата за пораки Телеграм. „Службите за итни случаи се на терен“, додаде тој.

Областа Раменскоје, 45 километри југоисточно од Кремљ, последен пат беше цел на најголемиот украински напад врз руската престолнина во септември, кога руската противвоздушна одбрана уништи 20 беспилотни летала.

Росавијација, руската федерална агенција за воздушен транспорт, на Телеграм објави дека „заради безбедност на летовите на цивилните авиони, наметнати се привремени ограничувања на работата на аеродромите Домодедово и Жуково“.

Украински беспилотни летала во текот на ноќта запалија неколку нестанбени згради во руските региони Калуга и Брјанск, соопштија денеска регионалните гувернери. Министерството за одбрана соопшти дека единиците за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 23 украински беспилотни летала, од кои 17 над Брајанск.

Владислав Шапша, гувернер на регионот Калуга, кој се граничи со московскиот регион на североисток, изјави дека една нестанбена зграда во регионот била запалена како резултат на напад на украинско беспилотно летало.

Киев вели дека неговите напади со беспилотни летала на руска територија се насочени кон инфраструктурата критична за воените напори на Москва и се одговор на континуираниот напад на Русија на украинска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ