Денеска се појавија информации кои велеа дека Винисиус Жуниор добил непристојна понуда и астрономска сума за преселба во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Хилал.
Попладнево беа откриeни повеќе детали за предлогот кој бил ставен на маса.
Марка пишува дека се работи за најголемиот договор во историјата на фудбалот, Винисиус Жуниор можел да заработи речиси 1 милијарда евра за пет години.
Исто така, Саудиска Арабија била подготвена да плати и неколку стотоци милиони евра на Реал Мадрид како обесштетување.
Но во моментов, ниту Реал Мадрид, ниту Винисус Жуниор не се заинтересирани за ваква авантура.