петок, 6 декември 2024

Најголем протест на Израелците од почетокот на војната во Газа. Десетици илјади луѓе на улиците (ВИДЕО)

Десетици илјади луѓе протестираа вчера во Ерусалим против владата на Бенјамин Нетанјаху и против изземањето од воената служба на ултраортодоксните Евреи, во сцени кои потсетуваа на масовните улични протести минатата година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Протестните групи, вклучително и некои кои ги предводеа масовните протести што го потресоа Израел во 2023 година, организираа митинг пред парламентот, Кнесетот, повикувајќи на нови избори за смена на владата.

Демонстрантите исто така сакаат порамноправен удел во воената служба што ги обврзува повеќето Израелци. Околу 600 војници се убиени досега од нападот на Хамас на 7 октомври и војната во Газа што следеше, што е најтешката воена загуба на Израел во последните години.

Израелските вести Н12 објавија дека се чини дека се работи за најголемите демонстрации од почетокот на војната. Новинските извештаи на Хаарец и Инет велат дека протестите привлекле десетици илјади луѓе.

Кабинетот на Нетанјаху се соочи со тешки критики за безбедносниот пропуст во нападот на Хамас врз јужен Израел во кој загинаа околу 1.200 луѓе и беа земени повеќе од 250 заложници во Газа.

На синоќешната прес-конференција во Ерусалим, Нетанјаху рече дека одржување на избори во ек на војната кога, според него, Израел е блиску до победа, ќе ја парализира земјата со месеци.

Тој исто така го обвини Хамас дека зазема сè „покрут став“ во преговорите за примирје во војната меѓу Израел и исламистичкото движење во Појасот Газа.

„Додека Израел покажа флексибилност во преговорите, Хамас станува покрут“, рече тој.

Претставник на Хамас изјави претходно во неделата дека позициите на движењето и на Израел за војната во Појасот Газа сè уште се „премногу оддалечени“ за напредок во преговорите за прекин на огнот.

Нетанјаху одржа прес-конференција во пресрет на операцијата на кила поради која подоцна беше хоспитализиран. „Можам да ве уверам дека успешно ќе поминам низ овој третман и многу брзо ќе се вратам во акција“, рече Нетанјаху на прес-конференција во Ерусалим.

Министерот за правда Јарив Левин, кој е и вицепремиер, привремено ќе ги преземе должностите на премиерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ