сабота, 9 ноември 2024

Најдени трите момчиња кои исчезнаа во Хрватска

Сите три момчиња, кои неодамна исчезнаа во Хрватска, се најдени живи и здрави, јавуваат хрватските медиуми.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По исчезнувањето на 14-годишно момче вчера во Загреб и уште две момчиња од Загреб и Риека полицијата почна потрага, но, како што пренесува хрватски Индекс, било утврдено дека некои момчиња решиле да ги продолжат зимските празници и да не се вратат во домот.

„Добив информација дека едно од тие момчиња е наш штитеник кој не се вратил во нашата установа по училишните празници. Ние стапивме во контакт со центарот и стапивме во контакт со мајката. Тој сега би требало да биде на пат кон установата“, кажа директорот на Центарот за пружање услуги дом на социјален труд Дугава Божо Вркљан.

Во текот на минатите денови на хрватската полиција ѝ било пријавено исчезнување на три момчиња родени во 2009 година, двајца по празниците не се вратиле во домовите за деца во кои се сместени – едно во Брезовица, а друго во Дугава, додека во меѓувреме потрагата по момчето во Риека е прекината бидејќи е најдено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ