понеделник, 14 октомври 2024

Наградата за тренер на годината ќе се вика „Лазар Лечиќ“

На денешната комеморација во чест на Лазар Лечиќ, Кошаркарската федерација најави дека една награда во иднина ќе го носи неговото име.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за признанието за тренер на годината кое трационално се доделува при изборот на КФМ пред крајот на секоја календарска година. Лечиќ беше тренер повеќе од шест децении и имаше голема улога во развојот на неговите помлади колеги.

Кошаркарската федерација претходно ги испочитува и останатите легенди на македонската кошарка Драган Василов Цевка по кого името го доби Суперкупот, како и Благоја Георгиевски Буштур чие име го носи Купот на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ