На координативниот состанок учествувале и претставници на одделението за инспекциски надзор на ЦУК. Заедничкиот координативен состанок, согласно Законот за инспекциски надзор бил организиран по задолжение на Инспекцискиот совет, а во организација на ЦУК, според задолжувањето на субјектите да се спроведе заеднички вонреден инспекциски надзор над наводите за загрозување на животот и здравјето на луѓето и на материјалните добра што се предизвикани од подземните води, одронот и уривањето на потпорниот ѕид, како и отворените подземни кабли под напон кај Детската клиника.
„На координативниот состанок беа донесени неколку заклучоци, да се провери состојбата и реализацијата на решението издадено од Градежниот инспекторат од Општина Центар, во соработка со ЕВН, Државниот инспекторат за енергетика да ја провери и констатира опасноста од подземните кабли што се под напон, а сега се гледаат и одделението за инспекциски надзор од ЦУК да оствари дополнителна средба со Државниот комунален инспекторат за да изврши координација за одржувањето на постојниот канал со шахти што се руинирани и не се функционални, а истиот не е одржуван од Водовод и Канализација на Град Скопје“, информираа од ЦУК.