вторник, 8 октомври 2024

Надлежните да ги преиспитаат неоправдано високите цени за студирање, бара „Студентски отпор“

Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека оваа академска година почна со нови давачки од околу 5.000 денари наметнати на студентите по академска година притоа, како што наведуваат, без никаква најава и консултација со студентите при УКИМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа петиција е апел до надлежните веднаш да ги укинат неразумните трошоци! вие неправди, некоректност и изживување со македонскиот студент нема да ви ги премолчиме, пишува во соопштението од „Студентски отпор“.

Оттаму посочуваат дека оваа академска година почнува со нови повисоки давачки за студентите од околу 5.000 денари без, како што наведуваат, никаква најава и консултација со студентите при УКИМ.

„Недозволиво е досегашните неоправдани високи цени за студирање да се надоградуваат со уште понеразумни трошоци! Наместо да се преиспитаат досегашните давачки и младите да се мотивираат за високо образование и просперитет во Македонија – надлежните зададоа уште еден удар по и така катастрофалниот студентски стандард“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ