среда, 9 октомври 2024

Над милион луѓе во Газа месецов нема да имаат доволно храна, велат хуманитарните организации

Хуманитарните организации велат дека повеќе од милион луѓе во Газа нема да имаат доволно храна овој месец, бидејќи камионите натоварени со свеж зеленчук и месо пропаѓаат чекајќи да ги преминат израелските контролни пунктови, а илјадници пакети со помош што содржат храна, медицински материјали, па дури и четки за заби и шампони, остануваат заглавени во редицата камиони што не можат да влезат од Египет, пренесува Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Проценуваме дека повеќе од еден милион луѓе во Газа во септември ќе останат без храна. Повеќе од половина од лековите во нашите здравствени центри се при крај, а ни снемува и хлор за прочистување на водата и други основни потреби“, рече Сем Роуз, заменик-директор на агенцијата на ОН за помош на Палестинците (УНРВА) во Газа.

Тој додаде дека УНРВА се обидела да увезе поединечни предмети, како што е сапун, бидејќи комплетите што содржат различни предмети, како што е прашок за перење, биле блокирани на влез.

„Веруваме дека ни е подобро да внесеме само сапун отколку да пробуваме со нешто покомплицирано. Ова покажува колку е очајна ситуацијата – сведени сме на апсолутен минимум за да ги подобриме хигиенските услови, што е ужасна позиција во која постои ризик од заразни болести. Толку малку помош влегува што не можеме да ги задоволиме ни основните потреби“, рече тој.

Амед Кан, основач на хуманитарната организација Елпида, рече дека неговата група неколку месеци неуспешно се обидува да донесе медицински материјали во областа.

Количеството помош што влегува, рече тој, е апсолутен минимум потребен за да се осигури дека луѓето нема веднаш да умрат од глад.

„Тие може да умрат за три години од долготрајна неухранетост, но ова се минималниот број камиони потребни за да се избегне моментална смрт и да се спречи меѓународниот гнев“, додаде Кан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ