Како што објавивме, возила и гуми гореа во автоплац во струшкото село Велешта, а оваа информација вчера ја потврди и портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар, се регулираше со најизменично пропуштање возила поради големиот пожар.
„Околу 14 часот во полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар кај струшкото село Велешта каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот“, изјави вчера Димоски.