недела, 13 октомври 2024

На Зекири, екс генералниот секретар на Владата ќе му се суди од почеток

Објавено на

часот

Сподели

Овој процес беше подолг период во прекин, откако Основниот кривичен суд – Скопје информираше дека по препорака од психијатар се одложуваат повеќе расправи за случајот со Мухамед Зекири.

„До судот е доставено ново стручно мислење на вешто лице – психијатар, според кое заради влошување на психичката состојба на обвинетиот, се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели“, пишува во соопштението од скопскиот Кривичен суд објавено пред еден месец.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

На 9 април минатата година на Зекири му беше одредена мерка притвор, која што поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ