вторник, 15 октомври 2024

На возачот на српската војска, кој ја предизвика несреќата во која загинаа татко и три деца, му е одреден притвор

Возачот на оклопното возило на војската на Србија, М.В., кое учествувало во несреќата во која загинаа пет лица, бил сослушан денес во вишото јавно обвинителство во Краљево по што му е одреден притвор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа информација ја објави Блиц повикувајќи се на извори од обвинителството.

Во саботата во страшна сообраќајна несреќа на патнички автомобил „форд фокус“ со воено возило ПАСАРС кај Ушќе, на патот Краљево-Рашка во Србија, загинаа три деца на возраст од десет, седум и една година. Настрада и нивниот татко, како и сосетка која била со семејството во автомобилот.

Мајката, која била совозач, не е сериозно повредена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ