сабота, 19 октомври 2024

На вонреден технички преглед упатени 104 автобуси и други возила

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, упатени на вонреден технички преглед се 104 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 117 други видови на сообраќајни прекршоци.  

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци“, стои во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ