Дојавите стигнале вчера околу 15 часот, по што СИПА испратила допис до полициските агенции и компаниите кои се бават со производство на оружје да ги засилат мерките за безбедност поради можни напади.
Во тек се проверки на касарните и објектите на воената индустрија, се обидува да се утврди дали постои реална опасност, а СИПА интензивно работи на откривање на ИП адресата на лицето кое ги испратило заканите.
Аваз објави дека „постојат информации дека ќе бидат извршени напади на воени објекти и објекти на наменската индустрија“.
СИПА го проверува доменот преку провајдерите, за да се утврди кој стои зад пораките. За сè се известени службите, за да се крене нивото на безбедноста.
Повеќето заканувачки пораки, објави Аваз, стигнале во претходните денови преку домени од Бугарија.