Полициски службениџи од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје. Тој бил осуден на 10 години и 9 месеци казна затвор за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на 5 години и 9 месеци од казната, велат од МВР.
„Лицето било спроведенo во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошна постапка, по што ќе биде спрведено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната“, информираат од МВР.