Од АМСМ велат дека на другите гранични премини нема подолги задржувања и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од АМСМ потсетуваат дека до 31 автуст на државните патишта важи забраната за тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, а за распоредот и термите за возење може да се прочита на следниот линк на АМСМ.