среда, 9 октомври 2024

На Србија ѝ стигна моќно руско оружје против дронови (ФОТО)

Во Ниш беше претставен рускиот противдронски систем „репелент“, јавуваат српските медиуми.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на покажувањето на вооружувањето и воената опрема на Војската на Србија, во комплексот на Нишката тврдина, имаше прилика да го види системот за одбрана од беспилотни летала „репелент“, за првпат претставен на српската јавност.

Станува збор за руски систем кој може да сузбие или уништи роеви извидувачки, шпионски беспилотни летала или дронови, во радиус од 30 километри.

„Пристигна „репелент“. Ова е „репелент“. Не е силен како „красуха“, но е одличен“, кажа Вучиќ.

Претставници на Војската на Србија истакнаа дека системот „репелент“ е наменет за детекција и лоцирање на беспилотни летала, како и вршење на статистичка обработка на податоците, одржување на нивото на закана и евентуално попречување на сите радиоканали за управување и сателитска навигација.

Истакнато е дека целта на тој систем е одвраќање од потенцијален напад со беспилотни летала, како и дека покрива простор од 30 километри.

Станува збор за систем кој ги открива дроновите, ги следи нивните сигнали и електронски го сузбива преносот на податоци од беспилотните летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ