петок, 11 октомври 2024

На Јутјуб реклами и на паузирано видео

Објавено на

часот

Сподели

Гугл воведува прикажување реклами додека корисниците на Јутјуб го паузираат видеото што го гледаат. Менаџерот за комуникации на видеоплатформата потврди за „Верџ“ (The Verge) дека има „моќен одговор од огласувачите и рецензентите“ по објавувањето на „пауза-рекламите“.

Јутјуб почна да ја истражува употребата на реклами на паузирани видеа уште во 2023 година, со одредени огласувачи. Одговорниот раководител на бизнисот – Филип Шиндлер, во април минатата година изјави дека новиот концепт им се допаднал на огласувачите, но гледачите не се одушевени од оваа замисла, според внатрешните истражувања.

Овој концепт не е нешто ново, бидејќи некои стрим-услуги, како што се Дирек-ТВ и Хулу, направија сличен потег, па прикажуваат реклами во случаи со пониски нивоа на претплата.

Производите на Амазон, како што е таблет-компјутерот „Фајр“, прикажуваат реклами на заклучениот екран. Компанијата претходно најави и дополнително проширување на својата понуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ