среда, 11 декември 2024

На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници, „пред нас е огромен предизвик“

Долгорочно, германскиот пазар на труд секоја година „во значителна мера“ зависи од имигрантите – ова е заклучок од анализата нарачана од фондацијата Бертелсман.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојбата на Германија, имиграцијата на меѓународните работници, особено од трети земји, станува сè поважна“. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.

Според студијата, бројот на работници без дополнителни имигранти ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милиони. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува Дојче веле.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата „бејби бумер“ ќе постават голем предизвик за германскиот пазар на труд, бараат и доселување“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од фондацијата Бертелсман. „Се разбира, прво мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила, и локалните жители и луѓето кои веќе се доселиле, и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот“. Сепак, идните потреби до 2040 година не можат да се задоволат само на овој начин.

Реформираниот закон за имиграција за квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година, нема да бидат подеднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостатокот на доселување. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година. Бидејќи структурните промени се рефлектираат поинаку, најмногу меѓународни работници ќе им бидат потребни на оние покраини каде што до 2040 година зголемувањето на потребите за работна сила ќе биде поголемо од намалувањето. Ова особено важи за Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Берлин и Хамбург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ