Како што информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен пожарот на Илинска Планина и Плаќенска планина, на подрачјето на општините Демир Хисар и Охрид, каде била зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума.
Под контрола е ставен и пожарот во Општина Чашка, кај селата Ореше и Папрадиште и во Општина Делчево, кај депонијата.
Неколку изгаснати пожари има во Прилеп, кај селата Ропотово – Лажани, кај старите гробишта во Прилеп и кај Алфа Омега транспорт. Изгаснати се пожарите на територија на Кавадарци, Старо Нагоричане, Радовиш, кај село Злеово, во Тетово, на автопатот Тетово – Гостивар, кај патарина, во Општина Јегуновце, во Гостивар, општина Врапчиште, Општина Долнени, Општина Ресен, кај Градската депонија, во Општина Охрид, кај селото Опеница.
Во скопскиот регион, изгаснати се пожарите во општините Студеничани, кај селата Моране, Долно Количани и Љубош, Чучер – Сандево, Бутел, Сарај, Ѓорче Петров, Општина Кисела Вода, на стариот пат за село Батинци и други.