среда, 16 октомври 2024

На 5.400 млекопроизводители им се исплатија 88,6 милиони денари за откупеното млеко

Објавено на

часот

Сподели

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчомлеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко. Висината на поддршката изнесува 3,5 денари / литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 / литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Агенцијата денеска ја изврши исплатата за произведеното и предаденото млеко во месеците Мај и Јуни 2022 година.

„Во изминатиот перидот Агенцијата ја реализираше и исплатата за предаденото млеко од Јануари – Април 2023 година со што заедно со денешната премија по овој основ се исплатени над 232 милиони денари“, вели директорот на Агенцијата Никица Бачовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ