Инспекциските служби на Општина Гази Баба при редовна обиколка и контрола на загревањето на малите сервиси не затекнала согорување на отпад, но на две физички лица затекнати како гуми и електрични кабли им се изречени казни. Исто така, на едно правно лице му е изречена казна за несоодветно депонирање на отпад, а на три домаќинства што се загреваат согорувајќи дрвен отпад (иверки, отпадни даски и слично) по овој основ им се изречени опомени и им е наложено итно отстранување на отпадот од дворните места и користење на огревно дрво за затоплување.
Општина Кисела Вода изрекла две казни на физички лица за горење на отпад на отворено, додека општина Илинден во неколкуте рутински контроли на отворен простор на подрачјето на општината не утврдила неправилности.
Општина Охрид спровела инспекциски надзори во два авто сервиса од кој еден се загревал на дрва, а другиот на електрична енергија, а во двата отпадните масла се предавале на овластена фирма.
Во Општина Битола извршени се вонредни инспекциски надзори во четири инсталации со Б интегрирани еколошки дозволи, Млекара АД Битола, Лакталис, ИМВакталис, ИМВ Велковски и Квасара. Од страна на акредитиран субјект извршени се мерења на емисии во воздух при што е констатирано дека кај Млекара и Лакталис каде како енергенс се користи мазут, има надминување на дозволеното ниво на емисии NOx (азотни оксиди), а кај Квасара каде како енергенс се користи дрво, има надминување на CO (јаглерод моноксид), за што им се изречени опомени.
Исто така, при вонредните надзори на четири пекарници констатирано е дека сите користат исклучиво огревно дрво.
Во општина Тетово, од пет засилени контроли на мали инсталации констатирано е дека четири од нив корист дрво во произведствениот процес (главно пекарници), а само една електрична енергија.