среда, 9 октомври 2024

МЗ: Нема нови случаи со конго-кримска треска, граѓаните да се придржуваaт кон превентивните мерки

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за здравство (МЗ) и Комисијата за заразни болести, на последниот состанок што се одржа минатата седмица одлучија да препорачаат превентивни мерки за заштита на граѓаните од конго-кримска хеморагична треска, која се пренесува со каснување од крлеж. Превентивните мерки главно се однесуваат на информирање на граѓаните и на здравствените работници на кој начин се пренесува болеста и како да се заштитат од неа. 
 
„Превентивни мерки за заштита се, покривање со облека на рацете, нозете, вратот, главата…да се носи светла облека за да може лесно да се забележи крлежот, облеката да прска со спреј на база на синтетски пиретроид но да се внимава да не се прска од спрејот на кожата на откриените делови од телото, но и да се обезбеди репелент против крлежи и инсекти кои можат да се нанесуваат на гола кожа“, препорачуваат меѓу другото од МЗ.

Оттаму велат дека по престој во природа треба да се направи детална  проверка на телото и облеката, како и на телото и облеката на  децата, а посебно внимание да се псвети на влакнестите делови од  телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата,  вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите исто често се  закачуваат во прегибите на телото, во пазувите, во препоните, под градите кај жените, стомачните прегиби и слично, велат од МЗ.

 
Контролирајте ги домашните животни за присуство на крлежи, избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни, носете ракавици и друга заштитна облека додека ракувате со животни, избегнете близок физички контакт со лица заболени од ККХТ, носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болните луѓе и редовно мијте ги рацете со вода и сапун после активностите за грижа/нега или посетата на болните луѓе“, препорачуваат од МЗ.
 
На состанокот на министерот за здравство Фатмир Меџити со членовите на Комисијата беше изготвена информација која беше доставена до Владата за организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата, за зголемено присуство на крлежи по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи дезинсекција која е клучна превентивна мерка, информираа претходно од МЗ.
 
Министерството за здравство апелира до населението дека простор за паника нема, конго-кримска треска не се пренесува лесно, туку единствено по каснување од крлеж заразен со вирусот.
 
„Како најизложени на оваа опасност се  риболовците, ловците и сточарите за кои укажуваме дека треба да бидат иклучиво внимателни и да ги почитуваат препораките за превенција. Друга голема група изложена на ризик се здравствените работници, заради контакт со телесните секрети како што е крвта и тие треба да се заштитуваат со ЛЗО при контакт со сомнителни случаи“, велат од Министерството за здравство.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ