среда, 16 октомври 2024

МЗ: Малата Јана пред шест месеци прележала ковид, лекарска грешка нема

Објавено на

часот

Сподели

„Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин.  По влошување на состојбата, заклучок на комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката. Комплетниот извештај од комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство“, соопштија од министерството за здравство. 

Шестгодишната Јана Христовска почина на 22 март по примена инфузија во болницата во Битола. Според сведочењето на родителите, Јана била донесена со температура и дехидрирана поради повраќање, па докторите му дале инфузија на детето по што му се влошила состојбата. Родителите обвинуваат за лекарска грешка затоа што, како што изјавија претходно, на девојчето му била дадена гликоза по што шеќерот во крвта ѝ се покачил од 9 на 19 единици по што девојчето западнало во кома и починало.

Обдукицјата беше извршена во битолската болница, ден по нејзината смрт. Обдукцискиот наод сѐуште не е готов затоа што, според експерите, за тоа е потребно најмалку еден месец.

Смртта на Јана беше причина за реакција на граѓаните кои одржаа протести во Битола и Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ