понеделник, 14 октомври 2024

МЗ: Формирана е стручна комисија која ќе оди во битолската болница заради смртта на 24-годишното момче

Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат –  ДСЗИ поради наглото влошување на состојбата на пациентиот сметаат дека е потребно формирање на стручна комисија, соопшти Министерството за здравство во врска со случајот од минатата недела кога во битолската болница почина 24-годишно момче.

Објавено на

часот

Сподели

„Формирана е стручна комисија која ќе оди на терен и ќе го испита лекувањето на 24-годишниот пациент. Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска рече дека комисијата во најкус рок ќе се формира и стручно ќе го истражи случајот. Комисијата ќе треба да утврди дали имало недостатоци, односно, какви биле недостатоците во третманот на пациентот“, се вели во соопштението на министерството.

Директорката на болницата д-р Елизабета Ивановска минатата недела изјави дека била извршената обдукција на телото на момчето и дека наодот на обдукцијата е дека немало лекарска грешка при интервенцијата врз момчето кое во болницата било донесено во тешка состојба.

Д-р Ивановска денеска, на новинарско прашање рече: „Не е завршен вонредниот инспекциски надзор за неодамна починатото момче во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. Денеска ќе има уште еден републички инспекциски надзор и друга информација не можам да кажам. Завршена е обдукцијата, судски медицинар ќе достави писмен извештај до Обвинителство и други информации нема“.

Инаку, д-р Нико Беќаровски од скопската клиника во саботата преку Фејсбук објави дека од близок роднина на починатото момче добил информација според која многу е веројатно дека се објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коалгулација. Тој уште нагласи дека не му е јасно зошго се прикриваа овие факти бидејќи, како што напиша Беќаровски, „грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија. Добра анамнеза и хетероанамнеза е 80% дијагноза“.

Во информацијата што ја добил преку месинџер, се вели дека момчето уште во јуни се повредило на грбот од некоја метална сајла, тогаш не бил на лекар сметајќи дека се работи за површинска рана. Пред три и пол недели при допир забележал како да има нешто во грбот. На лекар му извадиле парче железо и го прашале дали примил антитетанус вакцина. Одговорот бил дека е ревакциниран пред шест години. Според лекарот, немало потреба сега од нова доза, раната не била сошиена, а за преврска дошол следниот ден. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ