Тимови од полициски службеници патролираат низ повеќе делови од градот и преку непосредни контакти со граѓаните ги потсетуваат на основните правила како да ги заштитат своите домови од кражби, што е најкорисно да направат да ги заштитат своите возила од кражби на паркинг простори, но и вредните предмети од кражби на плажи.
„Спречете дрска кражба, чувајте го паричникот, мобилниот и лап топот, заштитете го возилото“, се некои од темите за кои полициските службеници им пренесуваат практични совети на граѓаните низ градските средини и на плажите.
Воедно, на граѓаните им се делат летоци со едукативни содржини со насоки за превенирање на кражби и други имотни деликти.