„Денеска, околу 15.50 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило марка ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во кусата информација за инцидентот.
Како што веќе објави МКД.мк, попладнево во приземниот паркинг-дел на трговскиот центар Ист гејт било пукано со повеќе истрели кон лице со криминално минато, од лица кои стрелале од своето возило, поради што граѓани панично бегале кон излезите.
Според иницијалите Р.Т. што ги објави МВР, веројатно дека е точна информацијата која ја објавивме дека е пукано кон Раде Трајковски познат како Штекли, кој од Србија бил екстрадиран поради убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев.
Според граѓани, напаѓачите биле маскирани, некои велат дека било пукано од автомобилот ауди, други дека накратко совозачот излегол од возилото, пукал и заминале.