понеделник, 14 октомври 2024

МВР: Во разбранетите води на Охридското Езеро спасени пет лица кои биле на едрилица

Објавено на

часот

Сподели

Постапувајќи по пријава дoбиена околу 19 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист. Полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор„Охридско Езеро” веднаш излегоа на терен и околу 19.25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7 илјади метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија.

Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди“, се вели во соопштението на МВР кое сподели и видео од интервенцијата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ