сабота, 20 април 2024

МВР: Од денеска на интернет скопјани можaт да проверат дали е готов нивниот пасош

Министерството за внатрешни работи вечерва информира дека од денеска е ставена во функција, најавената можност, граѓаните на Скопје кои се фотографирале за нови патни исправи во редовна постапка на пунктовите Пролет и МТВ, да го проверат статусот на нивниот пасош.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се појаснува во соопштението од МВР, може да се види дали пасошот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.

„Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите што се создаваа, бидејќи граѓаните беа принудени да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е подготвен“, се наведува во соопштението.

Од МВР информираат дека во тек е надградување на овој систем, со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти.

Проверката може да се направи на овој линк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ