Гури беше во куќен притвор, по што Јавното обвинителство поднело жалба и Кривичниот совет на Основен кривичен суд Скопје донел решение за замена на куќниот притвор со активен притвор. Тој на 5 јануари не бил пронајден во својот дом од страна на полициските службеници каде бил сместен во куќен притвор. Тој е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за кои обвинителството објави минатата година.
Осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.