Демири е во притвор во Косово. А по неговото приведување, во три простории во Скопје пронајдени се неколку машини и друг материјал за правење лажни монети од по две евра. Полицијата претпоставува дека тука биле направени повеќе од 100 илјади монети.
Истрагите за фалсификувани пари продолжуваат и во Македонија и во Косово, со оперативна помош на Европол. Се работи на откривање на криминалната мрежа која фалсификуваше монети од 2 евра.