Како што денеска соопштија од МВР, при претрес кај него, извршен по судска наредба, била пронајдена растителна материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Истиот отсек при СВР Куманово поднесе кривична пријава и против Д.А.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и дигитална вага.
Денеска пак во Скопје, во 00.05 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопјезатоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Нешто подоцна, денеска (10.12.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(43) од с.Марино, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, како и за речиси идентичниот случај со друг малолетник на истото подрачје, приведен неколку часа порано.
На 09.12.2024 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Т.Ј.(18) од с.Сопиште, скопско и Ф.П.(21) од Скопјезатоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.