„Изминатите неколку месеци, беше реконструирана внатрешноста на повеќе основни училишта на територијата на Аеродром, а неколку училишта добија нова фасада, современи игралишта за фудбал, ракомет и кошарка, училница на отворено и простори за релаксација и забава на учениците. Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ како најголемо училиште во Македонија, беа поставени нови пристапни рампи, пристапен лифт и други инклузивни содржини, со што во училиштето беа обезбедени услови за целосно инклузивна настава.
Во моментов тече пријавувањето за парична помош за првачиња, со што секое новозапишано прваче во училиштата во Аеродром ќе добие 3.500 денари. Исто така, новата учебна година учениците ќе ја започнат со нови училишни униформи, а децата од четврто одделение ќе ги добијат бесплатните таблет уреди за полесно совладување на наставата“, рече Муцунски.
Муцунски: Таблет уреди, парична помош и униформи за учениците во Аеродром
Објавено на
часот