вторник, 8 октомври 2024
Во седиштето на Алијансата во Брисел

Муцунски: НАТО е стратегиска определба, но за безбедноста е битно да влеземе и во ЕУ

Членство во НАТО претставува наша долгорочна стратегиска определба и придонесува за зајакнувањето на колективната безбедност, а за безбедноста е битна и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, порачал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински во обраќањето на приемот организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста на Македонија, 8 Септември.

Објавено на

часот

Сподели

Муцунски се осврнал и на предизвиците со кои се соочува земјава на својот европски пат, при тоа нагласувајќи дека посветеноста на реформите и нивната квалитетна имплементација се суштински за приближувањето на нашите стандарди кон оние на ЕУ.

Говорејќи за перспективите за зачленување во ЕУ, Муцински истакнал дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Унијата е од големо значење не само за нашата држава, туку и за стабилноста на целиот регион.

Муцински во обраќањето ја повторил и силната поддршка за Украина, додавајќи дека земјава како одговорен партнер, останува посветена на заедничките вредности на Алијансата и на глобалните напори за зачувување на мирот и безбедноста.

Шефот на дипломатијата престојува во Брисел како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, а во чиј состав е и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, која се наоѓа во работна во посета на белгискиот главен град.

За време на посетата Мицкоски денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан ќе присуствува на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Премиерот, исто така, ќе има средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ