понеделник, 14 октомври 2024
Средба на шефовите на дипломатиите

Муцунски ја реафирмира поддршката на Македонија за Украина

Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина, му кажал шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на својот украински колега Андриј Сибиха, на средба што ја имале на маргините на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата беше реафирмирана македонската поддршката кон Украина, а министерот Муцунски посочи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Министерот Муцунски истакна дека недвосмислената поддршката кон Формулата за мир, Меѓународните коалиции за основање на трибунал за злосторство, агресија против Украина и за враќање на присилно раселените деца, продолжува и понатаму, како и кон останатите иницијативи и формати за обезбедување на практична помош за Украина.

На средбата стана збор и за билатералните односи, кои соговорниците ги оценја како одлични и позитивни, а беше изразено и задоволство од одличната соработка на мултилатерален план“, се вели во официјалното соопштение од средбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ