среда, 9 октомври 2024

МПЦ-ОА упати поддршка до Украинската православна црква

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска изразил подршка на Украинската православна црква откако беше административно укината од украинскиот Парламент, со предлог-законот 8371.

Објавено на

часот

Сподели

„Синодот посвети особена грижа за состојбата со сестринската Украинска православна црква, која беше административно укината од украинскиот Парламент, со Предлог-законот 8371, и со тоа на милиони верници, кои се црквуваат во таа Црква, им е оневозможено основното право на верска припадност, исповедање на својата вера и вршење на богослужби. САС на МПЦ-ОА, сведочејќи ја евангелската вистина, искажува молитвена поддршка на Претстојателот на Украинската православна црква, Неговото блаженство Митрополит Киевски и на цела Украина г. Онуфриј, на браќата архијереи и на нејзиниот верен народ, молејќи се семилостивиот Господ да им даде сила да истраат и да ги надминат овие искушенија. Истовремено, Светиот синод се моли за единство на сите помесни православни цркви, кои го сочинуваат телото Христово“, соопштија од МПЦ-ОА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ