петок, 13 декември 2024

МПЦ-ОА е загрижена за состојбите во Сирија и Либан

Ја изразуваме нашата длабока загриженост за новонастанатата состојба во Сирија и во Либан, како и за засегнатите верни чеда на Антиохиската Патријаршија, се вели во соопштението од вчерашниот состанок на Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

Објавено на

часот

Сподели

„Исто така, како сестринска Црква, искрено сострадувајќи, го молиме семилостивиот Бог, кој ги успокојува обременетите (Мт. 11, 28), да ги благослови сириските и христијаните на Истокот – пастирствувани од неговото блаженство патријархот Антиохиски и на целиот Исток Јован Х – и да ги укрепи во верата и надежта, притоа дарувајќи им го неопходниот мир“, се вели во соопштението на МПЦ-ОА.

Синодот информира дека четириесетдневниот помен на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј ќе се изврши на 3 јануари 2025 година, на Плаошник во Охрид.

Од 1 јануари 2025 година нов портпарол на црквата ќе биде епископот хераклејски г. Климент, соопшти Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ