Во Гостивар, во населба Фазанерија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед томос без регистарски ознаки, управуван од А.Д.(45) од Гостивар, и патничко моторно возило тојота, сопственост на МВР. По несреќата, возачот на мопедот А.Д. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, соопшти МВР.
Мотоциклист пренесен во болница по судир со полициско возило
ТОП ВЕСТИ