По две победи со 3-0, Јувентус врза два натпревари на кој резултатот е 0-0, по натпревар без голови против Рома, попладнево „старата дама“ со истиот резултат го заврши и дуелот против Емполи.
Тијаго Мота од стартот им даде шанса на засилувањата како Копмајнерс, Даглас Луиз, Нико Гонзалез и Пјер Калули, но „бјанконерите“ прикажаа премалку за да стигнат до победа, имаа само една сериозна закана преку Гати во првиот дел, и една преку Влаховиќ на стартот од второто полувреме.
Емполи исто така имаше свои прилики преку Гјаси и лесно можеше да се случи да го изненадат фаворитот, но на крајот двата тима мораа да се задоволат со бод.
Мала утеха за гостите можеби е тоа што за прв пат по 10 години, и само по четврти пат во својата историја, не примаат гол на воведните четири натпревари од сезоната во Серија А.